• info@zamakedonskinarod.org
  • +389 78 370 496
Анализа од СУМ,на Преспански Договор или Договор Заев/Ципрас, во светло на Референдум за изјаснување по истиот, на 30 септември 2018

Анализа од СУМ,на Преспански Договор или Договор Заев/Ципрас, во светло на Референдум за изјаснување по истиот, на 30 септември 2018

Управно тело за менаџирање на политиките на СУМ .

Македонската  координативна мрежа – СУМ, Сите за Унитарна Македонија, сочинета и поддржувана од над 50 здруженија во Македонија и од здруженијата на Македонците во светот, како и познати и маркантни поединци во македонското општество – писатели, актери, режисери, скулптори, новинари, правници, судии, сите самосвесни интелектуалци и универзитетски професори, највисоки свештени лица од Македонската Православна Црква –Охридска Архиепископија и останатите лица под нејзина закрила,како и најголемиот број на вонпарламентарни партии,

Го изразува својот јасен и категоричен забетониран став за БОЈКОТ на незаконски донесениот претстоен референдум на 30 септември и ги повикува сите граѓани на Република Македонија во масовна одбрана на своето погазено достоинство , чест , загрозена Државност и националност . 

МИСЛЕЊЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ !

Како увертира кон објаснувањето на договорот од преспа да го објасниме референдумот !

1 . Референдумот сам по себе е незаконски и се однесува на Договор  кој не ги поминал законските процедури, не добил потпис од претседателот на државата и кој по својата содржина е противуставен .

2. Прашањето референдумско е спротивно на законите за референдум , нејасно е , манипулативно и повеќесмислено.

3. На 30Септември ни случајно не се одлучува за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО и единствено се одлучува за Договорот од Преспа .

а.) Тие два референдума нема теорија и несмеат да се распишат со едно еденствено прашање.-( има земји кои се во ЕУ но не се во НАТО и обратно).

б.) За секое членство во овои две организации ќе биде распишан посебен референдум ,со јасно и прецизно прашање, кога за тоа ќе дојде време и кога Македонија ќе добие покана .

Со препокривањето на прашањето за приватниот договор со Грција, кој што е некролог на Македонскиот Народ и Држава, со други две прашања за божемен влез во ЕУ и НАТО се сака да се натера Македонскиот Народ на самоуништување свое и на својата Држава .  

Со самото излегување на на овој референдум и со прифаќање на договорот помеѓу Грција и ДРУГАТА СТРАНА , со едно заокружување одобруваш и се согласуваш :

1. За менување на една референца БЈРМакедонија во друга референца РСеверна Македонија,која останува трајно,

2.За Бришење на впишана Нација:Македонци во ОН и впишување на ГРАЃАНИ на Северна Македонија ,

3. За бришење на Македонски Јазик (кодиран) и преименување во некој нов ЈУЖНОСЛОВЕНСКИ јазик на Граѓаните на Северна Македонија ,

4. За промена на Устав,

5. За фалсификување на историја,цензура и бришење на колективно памтење до 1948ма.

5.За прогон и репресија на сите Македонци доколку се изјаснат или протежираат национално македонски ставови ,

6. За самооткажување на цела Македонска Нација , надвор во сите институции , билатерални и други меѓудржавни договори , резолуции , форуми , организации и дома на секој план и секаде .

7.За рушење на спомениците од нашата историја , затварање на музеи и институции .

8. За предавање на суверенитетот на државата во контрола на Грција.

МАКЕДОНЦИТЕ ОБЕЗДРЖАВЕНИ И ЗБРИШАНИ ВО ОН КАКО КУРДИ ! 

Македонскиот Народ  падна во вртлог на тешки лаги и манипулации за да помине грабежот на цивилизацијата и модерниот метод на геноцид врз еден народ и тоа со егзикутавна улога на власта која е на чело на Македонската Држава .

На овој договор од страна на оваа влада ,му претходеа два други штетни потези по Македонската Држава и Унитарност кои заедно со Договорот од Преспа целосно ќе ја срушат Државата Македонија а тоа се , инсталирањето на Тиранска Платформа, која доби еуфемистички наслов “Закон за Јазици “, и Бугарскиот  ултимативен Договор со Наслов “Договор за Добрососедство, како пародија и за потсмев со Македонците. На крај ни дојде Договорот со Грција и другата страна ( што подразбира НИЕ, Република Македонија).

Договорот од Преспа е документ кој што никогаш несмееше да и се случи на Македонија , а посебно не од официјални лица во Влада . Дури и да не помине на 30ти септември ќе остане како црна точка во историјата на Македонија и како МАТНО БРЕМЕ со кое што Македонскиот Народ и во иднина ќе треба да се справува . Сите непријателски сили кои што се окомени против Македонскиот Народ и Држава во иднина ќе го користат против НАС како аргумент . Димитров како една несреќна фигура ,со потпишувањето ја одигра улогата на Радев кој во име на МАКЕДОНЦИТЕ во 1913та во Букурешт ,го потпиша распарчувањето на Македонија.

Договорот личи на приватен договор за продажба на живи луѓе од страна на,Заев, Димитров и Шеќеринска,кои ни стокмија договор за кој што НИЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, како да сме племе од 9век нетреба да знаеме ништо, или подобро, како ОНИ да се дојдени од ПЛЕМЕ од 9век па како деспоти и тирани ќе му го наметнат на Македонскиот Народ во 21век!

Владата која го направи и потпишаДоговорот од Преспа има обврска да го објасни а не да крие и лаже затоа што со последиците од него секако брзо ќе мора да се соочи при неговото евентуално инсталирање .

Бидејќи овој референдум и покрај неговата незаконитост излезе дека може да биде од пресудна важност за понатамошниот опстој на Државата Македонија препорачливо е и непходно и одговорно кон останатите сограѓани и роднини и пријатели, соученици колеги, родители,деца, тие кои што планираат да одат на референдум да си земат за обврска да го прочитаат , а не да се владеат слепо по пароли и пропаганда . Ќе излезат да гласаат за најважното во живот на еден човек , за својата ДРЖАВА и својот ИДЕНТИТЕТ , ТОА СЕ НАЈ СВЕТИТЕ И НАЈ ВИСОКИ ЦЕЛИ НА ЕДЕН НАРОД , за тоа се воделе војни , се полагале животи во стотици илјади и дури денес Народи се борат за своја држава и за признавање на својот идентитет. Да не заборавиме дека во светот има повеќе од 2000 народи, мали, големи но само 192 се признати со идентитет, јазик и се суверени во своја Држава . Тоа се народи со голема историјска сила и од тоа  несмееме да се откажеме по цена на ништо. Да не заборавиме дека Курдите кои ги има повеќе од 40.000 милиони сеуште гинат во борба за своја држава .

АНАЛИЗА НА ДОГОВОРОТ

Договорот е “ Договор за уредување на разликите  ……… ххххх ..опишани во Резолуцијата на Обединетите Нации  ххххххх и воспоставување на СТРАТЕГИСКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ СТРАНИТЕ“—— и таканаречената Влада сака да го протури како Билатерален.

Овој Договор потпишан помеѓу Грција и “Другата Страна “ е МЕЃУНАРОДЕН ДОГОВОР со највисок легитимитет на БИЛО КОЈ ДРУГ  МЕЃУНАРЕДОН ДОГОВОР ! До сега, во историјата на ОН не е  потпишан  Договор со ваква силина кој го моделира битисувањето и  општественото уредување на една Држава во случајот Република Македонија, а кој е со неможност на отповикување и е со гаранција на 192 членки земји во ОН.

Концепциски не е Договор, туку е УЛТИМАТУМ ,или акт на безуславна латентна окупација која не е видлива со голо око (нема тенкови на улица) но и таа можност не е исклучена доколку “другата страна“(Македонија) не ги почитува одредбите од  договорот, Грција со полно право може да го доживее таквото однесување како провокација со последици за интервенција . Во него само втората страна има обврски , Грција нема никакви обврскикои произлегуваат од овој договор .

Доколку овој договор помине надвор од границите на Република Македонија, односно на било кој начин ја помине законската процедура во Република Македонија, влегува по автоматизам во Обединети Наци и стапува на сила  во целост и за секогаш,  а според  Член 20, Став 5,6,7,8,9 и 10 гаранти се Обединети Нации со сите свои 192 членки! Член 20 исто предвидува дека НИТУ ЕДНА ИДНА ВЛАДА НА ДРУГАТА СТРАНА (РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА )НЕМОЖЕ ДА ПРАВИ ПРОМЕНИ на Договорот и НЕСМЕЕ ДА БАРА АМАНДМАНИ  И ИЗМЕНИ! Договорот е без рокови на траење и неможе да се раскине и да се отповика .

Договорот го затвора за сите времиња Букурашкиот Договор Член3 став1 и Член4 став1 и го брише “ Македонското Прашање“. Значи не постоиме НИКАДЕ во Букурешки ПОДЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА  како МАКЕДОНЦИ , член 7став 2! Не во Бугарија , не во Албанија , апсолутно не во Грција .

За прекршување на овој договор Грција има право на повикување на НА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ОН , ОД СИТЕ ВИДОВИ, ОД  ПЛАВИ ШЛЕМОВИ ДО НАДГЛЕДУВАЧИ, ВНАТРЕШНИ ИНСПЕКТОРИ  И КОНТРОЛОРИ,МЕЃУНАРОДНИ СУДОВИ, ВРЗ ОСНОВ НА ОВОЈ МЕЃУНАРОДЕН ДОГОВОР :

Овој договор ја поништува Пресудата од Хаг , го поништува АСНОМ , И РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА НЕЗАВИСНОСТ од 8ми септември 1991 .

Македонците кои изразуваат свои национални чувства ќе бидат апсени и интернационално прогонувани и затварани како злосторници и терористи . Член 3/4 , 4/1, , 4/2, Член 6/1, 6/2, 6/3. Според Член 6/1, 6/2, 6/3 , ДРУГАТА СТРАНА , Македонија , има обврска да ја стави во спрега својата тајна служба на сите можни начини во лов на Македонските граѓани како и Македонци надвор од Македонија , било од дома или од соседните земји како и од дијаспора, а кои покажуваат било каква иницијатива за изразување на своја Македонска националност или водат активност за препознавање на човековите права на Македонскиот Народ во Беломорска Македонија или било каде , да бидат следени , кодошени и предадени на грчките власти за обработка . 

Овој Договор ЦЕЛОСНО БРИШЕ МАКЕДОНСКИ НАРОД ! МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ! Според Член 1/2, 1/3 врска 7/2 и 7/3  , Македонски Народ КОЈ ШТО ВЕЌЕ БЕШЕ ВПИШАН ВО ОН  се БРИШЕ и се впишува ГРАЃАНИ ….. на некојаси земја во ситуацијава,на Северна Македонија  !! Во графа ЈАЗИЦИ , веќе беше впишан МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК кој освен што е еден од најстарите живи јазици во светот, е и кодиран јазик, СЕ БРИШЕ и се додава придавка ЈУЖНОСЛОВЕНСКИ (Зошто треба “зајакнување“на идентитет со племенско одбележување од железниот период ,јужнословенски, кога знаеме дека освен Македонскиот јазик не постои друг Македонски јазик никаде во свет!

Договорот ја става Македонија како држава во трајна субмисивност под Грчка контрола на управувавање, без оглед на тоа каква и која власт ќе биде избрана од Народот на Македонија  , според Член 9/1,Член 9/2 и трајно губење на суверинитетот на ДРЖАВАТА. Грција ќе има право на контрола на ИДНАТА  внатрешна и надворшна политика на Р.Македонија, Член1/5,Член1/6, Член12/1, Член12/2и Член12/3.  

Со договорот ДУРИ се предвидени и идните можни воени сојузи на МАКЕДОНИЈА, кои се забранети да бидат склучени со било кои земји кои би ја НАПАДНАЛЕ ГРЦИЈА баш напротив … предвидуваат МАКЕДОНЦИТЕ да се вклучат во било каква војна и да ГИНАТ за одбрана на Грција, освен што ќе им ги гаснат пожарите со обврскаЧлен1, Член18.

Договорот предвидува БРИШЕЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА со комисија која ќе почне ВЕДНАШ со работа Член20/4 врска Член8/5 со самото потпишување, без оглед на тоа дали Договорот ќе ги помине законските процедури. Комисијата ќе има за задача контрола и интервенција во учебници, книги, публикации, институции со цел стварање на фалсификувана историја и индоктринација политичка и идеолошка на Македонските граѓани, посебно на младината и идните генерации.

Договорот предвидува РУШЕЊЕ  И ЗАТВАРАЊЕ НА СИТЕ ИНСТИТУЦИИ, ОБЕЛЕЖЈА, СПОМЕНИЦИ, МУЗЕИ, ЗГРАДИ, ИНФРАСТРУКТУРА , кои на било кој начин асоцираат на МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА од античко време . Член 8/1,врска 7/2, Член 8/2, Член 8/3 (ЛАГА СЕ ПЛОЧКИТЕ КОЈ БИ СЕ ПОСТАВУВАЛЕ  ,НЕ Е ПРЕДВИДЕНО ТАКВО НЕШТО ВО ДОГОВОРОТ).Промена на Македонска Топонимија, Како Македонска Каменица, Македонски Брод ..итн ..НО ЦЕЛОСНО ПРИФАЌАЊЕ НА ПРОМЕНЕТАТА МАКЕДОНСКА ТОПОНИМИЈА НА ПОВЕЌЕ ОД 2000 МЕСТА ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА, Член 4.    

Димитров потпишал дека ќе го промени уставот на Република Македонија по Член 1 точка ф.Спород член 1 точка 3, став г ,член 4 став д, е, ф, и член 1,а,г, 1/9, 1/10 , 1/11, 1/12 втората страна,Македонија, мора да го смени Уставот како и прембулата со цел бришење на Македонски Народ и бришење на спомнувањата на историцизам во преамбулата член 7/2  најдоцна до декември 2018г .

Според член 1 точка5 став (а. Македонија мора да ги извести сите земји членки на ОН, а посебно оние кои ја признале со уставното име како Република  Македонија,како и Член 1точка 9 , дека несмеат повеќе да и се обраќаат со Република Македонија  и во сите комуникации вклучувајќи и билатерално МОРА да и се обраќаат со Република Северна Македонија , народот да го ословуваат со Граѓани на Северна Македонија и јазикот јужнословенски јазик на граѓаните од Северна Македонија.

Со член 1 /8 Македонија,т.е. НИЕ  мора да ги известиме сите меѓународни институции, форуми ,организации за промената . Според член1/13 доколку некоја од земјите сеедно ни се обрати со Република Македонија, или го именува народот со МАКЕДОНСКИ , тоа според овој договор ЌЕ СЕ СМЕТА ЗА ГРЕШКА И нашата влада има обврска да ги предупреди со дипломатска нота . Но такво право на предупредување кон другите земји или институции и е дозволено и на првата страна (Грција ) според член1 /13.

Во договорот со член 4 став 1 како и член 5 став 2 нај експлицитно е изразен стравот на Грција од промена на постоечките граници и инсистирањто “овој договор да превземе цврста обврска дека во својот устав нема да содржи толкувања кои може да подразберат основа за кое било полагање право на било која област што не е вклучна во постојаните меѓународни граници“ . Ваквото инсистирање на превзимање на  обврска од страна на ДРУГАТА СТРАНА, Република Македонија,за евентуален ревизионизам е нотирано на дури 14 места во различни членови и ставови со дефинирње и инсистирње  на непроменливост на границата помеѓу Македонија и Грција . (ПАРАНОЈА или реален страв.)

Прембулата на договорот е во целосна спротивност со содржината и обврските кои произлегуваат од договорот.

Овој договор е анахрон, несразмерен за 21век, ги руши елементарните човекови права и слободи, сите повелби за човекови права на ОН, и останати меѓународни резолуции, во спротивност е со конвенциите за човекови права на Совет на Европа.

Договорот е акт на сегрегација врз македонскиот народ, го понижува, му ги одзема колективните и индивидуални слободи и права и врши дискриминација во однос на сите останати народи, членки на ОН.Со негова инсталација се врши ГЕНОЦИД  врз Македонскиот Народ со цел трајно исчезнување од картата на Народи, освен што се поткопува суверенитетот на Државата Македонија и се руши Државноста .

Член 5 како додаток е тривијален дури и фарсично понижувачки .   Договорот освен што е антихуман е и антицивилизацијски , спротивен на сите хумани параметри на нормално демократско битисување на човековиот род  и спротевен на сите декларации за човекови права и слободи кои циркулираат и се на сила и важност по меѓународните институции.  

Договорот содржи 25 смртни точки кои го рушат суверенитетот на Државата , го суспендирааат сувереното права на самопределување на Македонскиот Народ , го погазуваат достоинството на Македонците, наметнуваат дискриминација .

1.Една референца заменета со друга – Имавме БЈРепублика Македонија , сега добиваме Северна Македонија.

2. (Димитров го принудува македонскиот народ ) Принуда за промена на УСТАВ до декември 2018 и промена на преамбула од Устав ,од која ќе се избрише Македонски Народ .

3. Промена на сите институции и во “институција “на Северна Македонија ерга омнес и сите докумнети лични и општи во Државата …

4.Се брише веќе впишана националност МАКЕДОНЦИ во ОН и се впишува Грѓани на Северна Македонија , 

5.Се брише Македонски јазик , и јазикот се нарекува Јужно словенски јазик на граѓаните на  Северна Македонија , или во најдобар случај јужнословенски македонски јазик .

6. Се менуваат меѓународните кодови во НМ и НМК а за трговските ознаки останува да се променат во рок од 6 години .

7.Се забранува терминот македонски , македонија , и се инсистира на употреба на овие придавки и именки како што е дефинирано во член 7 , јужнословенски , или граѓани на Северна Македонија на сите нивоа,приватни и правни субјекти и лица .

8. Промена на целосната историја на Македонскиот Народ преку инструкции на грчка комисија која почнува да работи веднаш, јуни 2018.

9. Приватните субјекти , државните и јавните субјекти мора да бидат опфатени со придавката “јужнословенски“ или “на севернаМакедонија“.Промена на сите институции во меѓународната комуникација надвор .

10. Промена на топонимија во Македонија (Македонски Брод) , и прифаќање на грчка топонимија со промена на сите документи во кои евентуално е впишана (БИЛО КАДЕ не само во Македонија ) . Роден во Лерин , ќе мора да се запише како роден во Флорина без оглед на родовниот лист. ( Спротивно на декларициите на ОН за топонимија)

11. Забрана за користење трговски марки и обврска за формирање на комисија во 2019  која во рок од 3 години ќе ги менува трговските марки кои ја содржат придавката Македонски .

12.Забрана на користење на “Македонија“ Македонски ,ЈАЗИК ,НАЦИЈА  во сите меѓународни , мултилатерални , регионални ,организации , институции ,форуми, средби , дури и во билатералната комуникација со сите членки на ОН .

13.  Втората страна , Македонија и се наложува со овој договор да ги извести веднаш по стапување на сила на истиот , сите меѓународни , мултилатерални , регионални ,организации , институции, форуми ,како да ја ослувуваат во иднина и да ги усвојат и да ги користат променетите термини во иднина .

14. Македонија се самообврзува да им забрани на сите 140 земји од ОН ,кои  што ја признаа со уставното име да и се обраќаат на тој начин , било каде било кога дури и во билатерална комуникација .

15. Другата страна т.е. Македонија и го дава правото на Грција да ги предупреди сите останати земји , доколку било која ги користи термините Македонски Народ или Македонија , Македонски јазик, на меѓународно или билатерално ниво .

16. Грција го задржува и понатаму правото за блокада на Македонија во преговорите за пристапување во ЕУ во било кој период од евентуални пристапни преговори.

17. Договорот го затвара Букурешки договор и оневозможува негово отварање било кога од било кој субјект или група .

18. Се откажува во целост од Македонците по род и во Македонија и надвор и ги остава без никаква заштита, напротив , доколку Грција (или било која друга страна) процени дека покажуваат национални склоности треба да ги прогонува и да ги санкционира.

19.  Грција инсистира Македонија да ги активира своите тајни служби, како и целиот државен апарат, што и самата си зима за право со овој договор да го интензивира и да превземе најригорозен ЛОВ на било какви структури или поединци кои имаат Македонско национално самочуствие и го изразуваат на некој начин.

20. Димитров превзел обврска да изврши ревизија и да ги СРУШИ сите споменици , фасади , инфраструктурни објекти , институции кои Грција ќе ги посочи дека асоцираат на античката историја на Македонија .

21. Со овој Договор Димитров/Коѕијас , НАЈСТРОГО им е забрането на Македонците да го користат НА БИЛО КОЈ НАЧИН своето прво знаме – ѕвездата од Кутлеш.

22. (Овој Договор ја заробува секоја идна влада од самостојно владеење )Преку формирање на комисии на сите државни нивоа,од највисока за контрола на влада и премиер до комисии за контрола на битните државни институции,со обврска за давање на извештаи на грчката страна на секои 6 месеци .

23. Со овој договор Македонскиот Народ освен идентитет губи и суверенитет на владеење врз Македонија . Која Влада и да дојде ќе биде под директна контрола на Грција со константна закана со инструменти на ОН .  

24. Договорот го диктира и военото однесување на Македонија кое МОРА  да биде во согласност и со потребите на Грција.

25. Договорот ја остава Македонија на бришан простор за евентуален воен напад од страна на Грција под изговор за провокација и можни идни интервенции од страна на ОН по било кој основ или пријава од страна на Бугарија , Грција , Албанија  за кршење на истиот .

МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ САМО ЕДЕН ИЗБОР !! КОНТРОЛИРАМ и #БОЈКОТИРАМ !! Референдум на (приватен,ЗЛОСТОРНИЧКИ ) договор кој не поминал законскоуставна процедура . 

Да живее МАКЕДОНИЈА!

СУМ –Сите за Унитарна Македонија , Македонска Координативна Мрежа

shares